Протестна нота од Бугарија за оштетен споменик во прилепско
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, на денешната средба во министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на Македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје воочила дека во дворот на црквата во село Клепач, прилепско е заменет споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето...

Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија врачи протестна нота на привремениот шеф на македонската амбасада, Владимир Крстевски поради наводно утврден случај на замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, соопшти бугарското МВР.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, на денешната средба во министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на Македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје воочила дека во дворот на црквата во село Клепач, прилепско е заменет споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.
Исто така, се тврди дека е откриена и замена на оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранување на делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.
