Маричиќ: Целта е пописот да заврши во предвидениот рок
Целта е пописот да заврши во предвидениот рок, и од проценките на Државниот завод за статистика ќе зависи носењето на понатамошните одлуки, изјави министерот за правда Маричиќ...

Целта е пописот да заврши во предвидениот рок, и од проценките на Државниот завод за статистика ќе зависи носењето на понатамошните одлуки, изјави министерот за правда Маричиќ.
Има уште време до утре, тоа што го знам е дека одредени реони се целосно попишани и тие попишувачи кои ја завршиле работата таму доаѓаат во реони каде што се уште има потреба да се врши пописот. Отворени се дополнителни пунктови каде што граѓаните сами можат да се попишат доколку не биле најдени дома или од некоја причина досега не се попишани – изјави Маричиќ.
Тој додаде дека се во постојана комуникација со Заводот за статистика и врз основа на нивните проценки и информации ќе носат одлуки за понатаму.
