Политика

Еврокомесарот Вархеји на средби со државниот врв

29.09.2021 13:14

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји е во Скопје. На средба со премиерот Зоран Заев разговара за напредокот на процесот на евроинтеграциите, и како да се надмине блокадата од Софија за официјален почеток на пристапните преговори...

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји пристигна во земјава. Со премиерот Заев разговара за напредокот на процесот на евроинтеграција и поточно како да се надмине блокадата од Бугарија за официјален почеток на пристапните преговори.

Вархеји минатата недела беше во посета на Софија каде исто така разговарал за бугарските ставови околу решение за блокадата на преговорите. Бугарските власти тогаш повторија дека бараат конкретни чекори од Скопје за да го остранат ветото.

Посетата на Вархеји доаѓа ден по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која посочи дека Комисијата сака да види почеток на преговори со Албанија и Северна Македонија до крајот на годинава.

Фон дер Лајен рече дека се работи напорно со Софија и Скопје за остранување на последната пречка на интегративниот пат и дека постојат идеи како да се надмине блокадата.

Ирина Гелевска