Последниот збор за продолжување на пописот ќе го има ДЗС
Сите капацитети на институциите се насочени статистичката операција „Попис 2021“ да заврши во предвидениот рок, велат од Владата...
Сите капацитети на институциите се насочени статистичката операција „Попис 2021“ да заврши во предвидениот рок, велат од Владата. Оттаму информираат дека се прават финалните подготовки, се затвораат пописните кругови, се проверуваат домаќинствата кои досега не биле посетени.
Владиниот портпарол Арсовски вели дека на владината седница не станало збор за продолжување на рокот за пописот, дециден дека последен збор ќе има Државниот завод за статистика. Од Владата со апел- сите кои од било која причина не оствариле контакт со попишувачите да ја исполнат законската обврска во своите општини.
И министерот за правда Маричиќ верува дека попишувањето ќе заврши до крајот на планираниот рок. Ресорниот министер вели дека целта е сите граѓани да се попишат. Информира дека попишувачите одат да помогнат во реоните каде што има потреба.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика попишани се вкупно над 1,7 милиони лица. Можноста за самопопишување на лица во странство, ја искористиле над 201 илјада. Пописот започна на 5-ти и трае до 30-ти септември.
Дијана Ценевска
