ССК: Да се продолжи грејс периодот за кредитите од линијата Ковид 3
Барањето е веќе испратено до Владата, до Развојната банка, како и до Министерството за финансии, кое е договорна страна во овој случај.

Поради одржување на финансиска ликвидност на претпријатијата Сојузот на стопанските комори ја потенцира неопходноста за носење одлука за продолжување на грејс периодот за враќањето на кредитите од кредитната линија Ковид 3.
Барањето е веќе испратено до Владата, до Развојната банка, како и до Министерството за финансии, кое е договорна страна во овој случај.
Постапувањето по поднесеното барање ќе придонесе кон одржување на активноста и ликвидноста на деловните субјекти во услови на криза. Истакнуваме и дека за поддршка на реалниот сектор треба да се размислува се додека имаме на сила рестриктивни мерки за извршување на деловната активност, бидејќи кризата трае премногу долго, а микро и малите претпријатија поради ограничени резерви се најчувствителни и најмалку отпорни на кризни состојби, се наведува во соопштението.
