Советот на јавни обвинители избра нов претседател
Јолевски за претседател бил избран едногласно, на редовна седница на Советот, а функцијата ќе ја извршува во наредните две години, информираат од Советот.

Антонио Јолевски е новиот претседател на Советот на јавните обвинители. Тој доаѓа на местото на Ацо Колевски на кого му заврши мандатот.
Јолевски за претседател бил избран едногласно, на редовна седница на Советот, а функцијата ќе ја извршува во наредните две години, информираат од Советот.
Јолевски потекнува од Битола. Како обвинител почнал да работи во 2003-та година, кога е избран за заменик-јавен обвинил во Основното јавно обвинителство Битола. Од 2012-та до 2018-та, пак, е шеф на ОЈО Битола, а од 2018-та работи како обвинител во истото обвинителство. За член на Советот на јавни обвинители беше избран минатата година.
