Северна Кореја успешно тестираше суперсонична ракета, соседите загрижени
Северна Кореја успешно тестира суперсонична ракета. Пјонгјанг смета дека на овој начин ги зголемува одбранбените можности. Соседите и меѓународната јавност загрижени поради овој потег...

Северна Кореја изврши успешно тестирање на суперсонична ракета, објави официјалната Севернокорејска новинска агенција, оценувајќи дека се работи за голем технолошки напредок. Успехот на тестoт е од голема стратешка важност затоа што Пјонгјанг се обидува да ги зголеми одбранбените способности. Проектилот е едно од петте најважни нови оружја, чиј развој е предвиден во новиот петгодишен воен план.
Суперсоничните ракети се многу побрзи од конвенционалните балистички или крстосувачки ракети. Исто така, многу потешко се откриваат и пресретнуваат со системи за противракетна одбрана. Ова е трето ракетно тестирање на северна кореја овој месец.
Јужнокорејската војска соопшти дека северот испалил проектил. Стравува и анализира информации со американската војска.
Северна Кореја претходно месецов објави дека успешно тестирала новоразвиени крстосувачки ракети со голем дострел на 11 и 12 септември. Исто така, истрела две балистички проектили со краток дострел во Јапонското Море на 15 септември, кои најверојатно паднале во јапонската ексклузивна економска зона.
„Јапонската влада е во состојба на готовност и ја следи ситуацијата. Исто така, анализираме и како беше спроведено лансирањето“, изјави Суга Јошихиде, премиер на Јапонија.
Тестирањето на ракетата е уште еден показател дека Пјонгјанг продолжува да развива оружје и покрај строгите санкции.
Северна Кореја веќе покажа дека има нова крстосувачка ракета, како и нов систем за балистички ракети.
Марина Ристова
