„Левица“ го претстави кандидатот за градоначалник на Велес
Партијата „Левица“ го претстави кандидатот за градоначалник на Велес, Златко Арсов. Време е да се стави крај на сообраќајниот хаос и паркирањето во градот, но и да се оживее левата страна на градот, порача Арсов пред граѓаните...

Од политичката партија „Левица“ велат дека е време да се застане на пат на криминалот и корупцијата и време за владеење на компетентни, чесни и вредни луѓе. Такви да победуваат на конкурсите за вработување, наместо членови со партиска книшка. Како пример го посочуваат нивниот кандидат за градоначалник Златко Арсов, професор доктор на Земјоделскиот факултет во Скопје, кој планира и да го уреди крајбрежјето на реката Вардар во централното градско подрачје, со изградба на кеј.
Тој посебен акцент става на користење на малку или слабо искористените општински објекти од левата страна од градот, која за жителите одамна е заборавена. Планира напуштениот Хотел Вила Зора да го пренамени во Пензионерски дом за стари лица, поранешното училиште Јордан Џинот во центар за лица со посебни потреби, а во просториите на Работничкиот универзитет да се донесат шалтерите за издавање патни исправи, лични карти, возачки дозволи.
Петар Печков
