Локални избори

ВМРО-ДПМНЕ: Овие локални избори кои ќе навестат нова политичка реалност

29.09.2021 16:13

Коалицијата за обнова на Македонија синоќа одржа митинзи во Вевчани, Дебрца, Струга и Ресен. Ветуваа европска иднина, а денес сме најлоши на Балканот, ваква реалност не сакаме. Овие локални избори кои ќе навестат нова политичка реалност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во Струга ќе го поддржат кандидатот за градоначалник од Алијанса, Идри Истрефи...

Карванот на коалицијата Обнова за Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ синоќа во посета на општините Вевчани, Дебрца, Струга и Ресен. Мицкоски во своето обраќање пред стружани упати низа обвнувања кон власта. Македонија во моментов според сите светски ранг листи е најкорумпираната држава во Европа. Тоа е реалноста која ја живееме ние со најкорумпираните политичари. Први сме по бројот на смртни случаи од ковид пандемијата. На дното сме според стапката на имунизација, затоа што трчаа по провизии за вакцини, рече Мицкоски.

Осум до десет студенти после дипломирањето одлучуваат да ја напуштат Македонија за каква иднина зборуваме тоа ли е најдоброто што го можат. 14 луѓе живи гореа во модуларната болница, а до ден денес нема одгоорност, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Струга.

„Четири години го слушаме истиот речник од Зоран Заев така беше и вчера па јас сум бил Мицко сум бил ваков сум бил таков .Јас ке му порачам од овде од Струга, стравот е голем ти се гледа во очите исплашен си затоа што знаеш дека силно ќе бидеш поразен на овие избори а потоа јас ти ветувам дека заедно со тие твои пајташи околу тебе од прв до последен ке одговарате . Од прв до последен ќе одговарате и за националното предавство и ќе одговарате за криминалот и пљачката што ја направивте овие четири години“, рече Мицкоски.

Ветуваа инвестиции, ветуваа силно платени работни места, ветуваа од 5 до 7 раст на економијата, а добивме неколку стотици плантажи за садење на марихуана и најголемиот дел од нив во сопственост на семејството Заеви. Тоа се инвестициите, тоа е подобрувањето и тоа е најдоброто кое тие го знаат. Таква реалност ние не сакаме, таква реалност ние одбиваме да живееме. И затоа застанавме се обидинивме и тргнавме во овој победнички марш на овие локални избори кои ќе навестат нова политичка реаност, нова влада предвидена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со сите коалициони партии кои денес се во опозиција, рече Мицкоски.

Во Струга, Коалицијата за обнова на Македонија ќе го поддржи кандидатот за градоначалник од Алијанса, Идри Истрефи. Додека во соседната општина во Вевчани, кандидат за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ е Спасе Кочоски, кој рече- нашето Вевчани ќе биде Вевчани на чесен и вреден народ.

„Нивното Вевчани е Вевчани кое е сервилно и послушно кон секој кој дошол однадвор, а нашето Вевчани е гордо и непокорно Вевчани. Изминатите четири години имаме општинска власт која не води грижа за секојдневните проблеми на вевчанецот. Наместо да живеат со проблемот на народот тие живеат да ги задоволат само своите интереси“, рече Спасе Кочоски, кандидат за градоначалник на Вевчани.

Кандидатот за градоначалник на Ресен, Јован Тозиоски, вети проекти за напредок во образованието, спортот, културата, економија, земјоделието и поддршка за јаболкопроизводителите.

„Програмата што ја нудиме за следните четири години нуди проекти кои се од приоритетно значење за Ресен и Преспа. Подобрување на локалните услови за водење на бизнис и претприемништво и помагање на малите и средни претпријатија ставање на на располагање на градежното земјиште во сосптвеност на државата“ , рече Јован Тозиоски, кандидат за градначалник на Ресен.

Ова се избори каде што ја имаме последната шанса за промени, шанса за подобро утре, рече Мицкоски, кој ја побара довербата од стружани за како што рече „Да градиме пактови и сојузи за иднината, да работиме за иднината, а од сето ова кое беше погрешно во минатото да извлечеме поука и сите заедно да се коригираме“.

Соња Рилковска