Ахмети: Со нашите кандидати ќе имаме стабилни општини
„Нашата партија работи одговорно, поддржавме одредени политики поради кои не се каеме, само за да имаме стабилна држава“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на митингот кој неговата партија го одржа во Тетово. Со нашите кандидати за градоначалници, како што посочи Ахмети, ќе имаме стабилни и општини со брз развој и чиста животна средина...

Како човек кој дваесет години е во политиката имам морална одговорност да ве водам напред. Иако како нација во минатото сме биле прогонувани и оштетени, ние не се откажавме и понатаму ќе работиме и ќе одиме напред, истакна првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
„Ние на овие избори влегуваме храбро, победата ќе ја имаме во Тетово со Теута Арифи, затоа што во тоа сме сигурни. Сега има секакви партии чии луѓе седат во кафетерии, не работаат ништо, но ние не сме такви. Овие кадри што се тука се најдобри во Македонија и поради овие кадри јас во Брисел одам со чист образ. Овие кадри се подготвени да ја реализираат агендата за живот, агенда за живот на нашите деца во чиста животна средина“, изјави Ахмети во Тетово.
Кандидатот за градоначалник на Тетово, Теута Арифи, посочи дека градот кој што ќе го води и во третиот мандат и понатаму ќе чекори гордо и смело како и досега
„И покрај пандемијата успеавме да реализираме големи проекти, како доизградба и реконструкција на булевари. Иако во пандемија, ние првпат во нашиот град воведовме јавен превоз, се изгради уште едно ново училиште, се реконструираат патишта“, нагласи Арифи.
За овој град треба да работиме сите, затоа што е наш град.Нашата цел де е да победиме уште во првиот круг затоа излегуваме сами, оти не ни треба никој освен нашите граѓани, додаде Арифи.
Зоран Димовски
