Движењето „Одлучно за промени“ ја промовираше програмата во Виница
Дигитални отворени општини и зелена агенда се двата постулати на кои се темели изборната програма на движењето „Одлучно за промени“. На овие избори коалицијата на ДОМ и ЛДП нуди кандидатски листи за советници во 51 општина...

Успешноста на раководството на една општина се мери според тоа колку финансисики средства се обезбедени надвор од основниот буџет за да се подигне квалитетот на живот во локалните заедници. Здрава животна средина паралелно со урбан развој на општините е можна опција, а приоритет и тоа не само на истокот, туку во цела држава е изградба на современи регионални депонии - истакна лидерот на ЛДП.
Нудиме концепт за коалиција со граѓаните, и советничка листа со партиски и непартиски кандидати. Ова е рецептот за надминување на длабоката поделеност и делување во насока на развој на општината, смета носителот на кандидатската листа на советници во Виница.
На истокот од државата Движењето „Одлучно за промени“ на овие избори нуди советнички листи во Берово, Виница, Пробиштип, Зрновци и Чешиново-Облешево, а во Штип коалицијата претендира за градоначалничката функција.
Славица Величковска
