МОН: Утре започнува аплицирањето за нови студентски стипендии

30.09.2021 09:34

Од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот Е- услуги, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото.

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2021 година.

Од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот Е- услуги, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото.

Студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.

За најголем дел од категориите на студентски стипендии месечните износи се зголемени, некаде и за над 80%, велат од МОН.

Дополнително, утре започнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години. Доставата на документите се врши електронски, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30-ти октомври.