САД

Меккензи: Падот на Авганистан е поради договор меѓу Трамп и Талибанците

30.09.2021 09:48

Пред Одборот за оружени сили на Претстваничкиот дом на Конгресот, Меккензи наведе дека процесот почнал откако бројот на американски трупи се намалил до 2.500 по одлуката на актуелниот шеф на Белата куќа, Џо Бајден.

„Владата на Авганистан падна поради спогодба меѓу администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп и Талибанците“, тврди началникот на Централната команда на американска војска, генерал Френк Меккензи.

Пред Одборот за оружени сили на Претстваничкиот дом на Конгресот, Меккензи наведе дека процесот почнал откако бројот на американски трупи се намалил до 2.500 по одлуката на актуелниот шеф на Белата куќа, Џо Бајден.

Договорот од Доха предвидува целосно повлекување на силите од таа земја, но и обврска за Талибанците да преземат чекори за спречување на активностите на групите како Ал Каеда кои ја загрозуваат безбедноста на САД и нивните сојузници.

По преземањето на функцијата, Бајден продолжи да го спроведува планот за повлекување, но наместо мај, за краен рок го одреди 31 август.

Сослушувањето во Конгресот почна поради хаотичното повлекување од аеродромот во Кабул. При операцијата за извлекување на луѓето беше избршен самоубиствен-бомбашки напад во кој загинаа 182 лица.