ЕВРОПА
Литванија и Летонија градат ограда на границата со Белорусија
30.09.2021 10:14
Литванија почна со изградба на бариера долга 508 километри, што треба да биде завршена до 2022 година. Во соседна Летонија, како краткорочно решение, ќе биде поставена бодликава жица долга околу 37 километри.

Литванија и Летонија градат ограда на границата со Белорусија за да ги спречат илегалните мигранити да влезат во Европска унија.
Литванија почна со изградба на бариера долга 508 километри, што треба да биде завршена до 2022 година. Во соседна Летонија, како краткорочно решение, ќе биде поставена бодликава жица долга околу 37 километри.
Претходно, белорускиот претседател Александар Лукашенко го предупреди Брисел дека нема да ги спречува мигрантите во знак на одмазда за санкциите од Западот против Минск.
