СЕВЕРНА КОРЕЈА
Пјонгјанг нуди обнова на меѓукорејската жешка линија
30.09.2021 10:42
Во говорот на седницата на Врховното народно собрание, Ким Јонг- Ун ги обвини САД за предлог за преговори без да си ја променат, како што вели- „непријателската политика“.

Севернокорејскиот лидер изрази подготвеност да се обнови прекината линија со Јужна Кореја. Во говорот на седницата на Врховното народно собрание, Ким Јонг- Ун ги обвини САД за предлог за преговори без да си ја променат, како што вели- „непријателската политика“.
Неделава Северна Кореја истрела суперсонична ракета, а од Сеул и Вашингтон побара да запрат со спроведување на двојни стандарди во трката за развој на оружје и вооружување. Јужнокорејското министерство за обединување ја поздрави понудата на Ким за телефонската линија.
