ЕК: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
„Европската комисија е цврсто посветена на унапредувањето на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Албанија и Северна Македонија“, вели Писонеро.

Иднината на Западен Балкан е во Европската унија, вели портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро Хорнандез.
„Европската комисија е цврсто посветена на унапредувањето на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Албанија и Северна Македонија“, вели Писонеро. Додава дека двете земји ги исполниле обврските, поради што ЕУ целосно го поддржува формалниот почеток на пристапните преговори до крајот на годината.
Ваква порака испрати и претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, за време на посетата и на Тирана и на Скопје, вели Писонеро.
Претходно, „Ројтерс“ објави текст во кој се наведува дека не постои согласност во Унијата за членство на шестте земји од Западен Балкан.
