Народна банка

Граѓаните сѐ повеќе плаќаат преку мобилен телефон

30.09.2021 12:03

Граѓаните сѐ повеќе плаќаат преку мобилен телефон, а бројот на трансакции во вториот квартал пораснал за 55% на годишна основа, но е понизок од рекордните 75% забележани во истиот период лани, што според Народна банка укажува на менување на навиките во насока на користење дигитални канали на плаќање.

Расте и употребата на комјутери за извршување плаќања за 18% во овој период, што е надминување на минатогодишните 13% во истиот период.

Граѓаните сѐ повеќе плаќаат во трговијата со платежни картички. Според Централната банка годишниот раст на бројот на плаќања на физички продажни места во вториот квартал е дури за девет пати повисок во однос на истиот период лани.

Истовремено користењето на картичките на интернет продажни места забавува откако лани имаше исклучително високи стапки на раст.

Анализата на Народна банка покажува дека плаќањата со кредитен трансфер вредносно се зголемени за 47%, односно 41% на нивната бројност.