Смртоносна тепачка во затвор во Еквадор
30.09.2021 12:19
Затворот во Литорал се смета за еден од најопасните во земјата и во него се сместуваат лица поврзани со најмоќните нарко-картели во светот.

Најмалку 116 лица загинаа во судир меѓу ривалски банди во затвор во Гвајакил, Еквадор. Петмина биле обезглавени, а останатите застрелани.
Затворот во Литорал се смета за еден од најопасните во земјата и во него се сместуваат лица поврзани со најмоќните нарко-картели во светот.
Според локалните медиуми, бунтот бил извршен по наредба на мексикански нарко-банди кои сега оперираат и на Еквадор.
