ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Колони на бензиските, наскоро се вклучува и војската
30.09.2021 12:52
Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон и натаму гарантира дека залихите се стабилни. Наскоро се очекува и војската да се вклучи во доставата на пратките. Мобилизрани се 80 цистерни од владата.

Повторно колони возила на бензинските станици во Лондон. На неколку места поради проблеми во снабдувањето со гориво беа регистрирани и физички пресметки меѓу клиентите кои чекале ред.
Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон и натаму гарантира дека залихите се стабилни. Наскоро се очекува и војската да се вклучи во доставата на пратките. Мобилизрани се 80 цистерни од владата.
Бројот на камиони за достава драстично се намали по Брегзит и пандемијата со ковид-19. Владата веќе одобри итни работни визи за повеќе илјади возачи.
