ФРАНЦИЈА

Саркози осуден за незаконско финансирање на изборна кампања

30.09.2021 13:48

66-годишниот политичар потрошил 22 и пол милиони евра, речиси двојно повеќе од максималниот износ строго утврден со законот, и ги занемарувал предупредувањата од неговите сметководители за надминување на лимитот.

Поранешниот француски претседател Николас Саркози е осуден на една година затвор за  незаконско финансирање на изборната кампања во 2012 година.

66-годишниот политичар потрошил 22 и пол милиони евра, речиси двојно повеќе од максималниот износ строго утврден со законот, и ги занемарувал предупредувањата од неговите сметководители за надминување на лимитот.

На тогашните избори доживеа пораз од социјалистот Франсоа Оланд.