Здравство

Обновено инфективното одделение во Штип, подобрени условите за лекување на пациентите

30.09.2021 14:30

Ковид пациентите наместо во модуларната болница во Штип, наскоро ќе се лекуваат на инфективното одделение. Заврши надворешната реконструкција на објектот кој стана еден од климатски пријателските здравствени институции во државата. Во моментот во ковид центарот во Штип се лекуваат 45 пациенти...

Доколку продолжи трендот на опаѓање на пациенти во модуларната болница во Штип, можно е наскоро таа да биде затворена и подготвена за евентуални нови ковид бранови. Финишира обновата на ифективното одделение со капацитет за 60 пациенти, па наскоро сите ковид пациенти ќе се лекуваат во подобри услови

Безбедноста на пациентите и персоналот во модуларната болница во Штип е на високо ниво, вели директорот Георгијев, има целосна противпожарна опрема и обучен персонал.

Реновирањеро на инфективното одделение во штипската болница чини над 200 илјади евра, средствата се обезбедени од проектот „Климатски пријателски здравствени институции“.

 

Славица Величковска