ДУИ го претстави кандидатот за градоначалник на Долнени
На предизборен собир во Дебреште, Демократската унија за интеграција го претстави кандидатот за градоначалник на Долнени, Урим Ибески. Ибески се заложи за изградба на регионален цевковод, за обнова на водоводната, патната, канализационата мрежа во населените места, за активирање на амбулантите и третман на отпадните води...

Нудиме богата и развојна програма со која се опфатени сите населени места во општина Долнени, порача кандидатот за градоначалник од ДУИ, Урим Ибески пред жителите на Дебреште на предизборниот собир.
Имаме проекти за развој во сите сфери: изградба на водоводна, патна, канализациона мрежа, за нови и рекострукција на основните училишта, здравствени амбуланти во селата, градинки, библиотека и поддршка на спортски клубови, рече Ибески.
На жителите им се обрати и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Рече дека се остварени заложбите од Охридскиот договор и заедниците се поблиски и подеднакво сите сакаат просперитет на нашата држава.
ДУИ ја спроведува зелената агенда.
Елизабета Митреска
