Милески: Да создадеме општини што ќе знаат да прават добри проекти
Претседателот на ЛДП, Горан Милески, кој воедно е кандидат за градоначалник, рече дека за изборите на граѓаните им нудат 51 советничка листа, со што, според него, се потврдува дека коалицијата со ДОМ е трета политичка сила во државата...

Движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ на собир во Битола ги промовираше кандидатите за градоначалник и за советници во општинскиот совет. Претседателот на ЛДП, Горан Милески, кој воедно е кандидат за градоначалник, рече дека за изборите на граѓаните им нудат 51 советничка листа, со што, според него, се потврдува дека коалицијата со ДОМ е трета политичка сила во државата. Според Милески, нивните постулати, како две центристички партии е да направат дигитални, отворени општини и да го стават акцентот на зелената агенда. Мораме да создадеме општини што ќе знаат да прават добри проекти за да ги искористат европските фондови за прекугранична соработка, со што ќе можат побрзо да се развиваат, додаде Милески.
Кандидатот на оваа коалиција за градоначалник на Ѓорче Петров, Љупчо Јаневски, посочи дека клучните заложби за оваа општина се повеќе нови паркови, вертикални и хоризонтални градини, како и субвенции за пелети и фотоволтаици.
Од коалицијата очекуваат предложените кандидати од Движењето „Одлучно за промени“ да влезат во Советот на општините, за да бидат чувари на интересот на граѓаните и на општините.
Игор Панов
