Локални избори

Алијанса на Албанците ја претстави советничката листа за Битола

30.09.2021 15:40

Под од мотото „Чисто“, Алијанса на Албанците синоќа во Битола одржа предизборна трибина. Го одбравме ова мото затоа што ние решивме да бидиме на вистинската, чистата страна...

Под од мотото „Чисто“, Алијанса на Албанците синоќа во Битола одржа предизборна трибина. Го одбравме ова мото затоа што ние решивме да бидиме на вистинската, чистата страна. Во Битола за прв пат излегуваме со кандидати на советничка листа и тука гласот на Албанецот даден за Алијансата има посебно значење, рече Мехмеди. Тој се осврна на главните начела на кои се потпира предизборната програма. Сепак, како што рече, најпримарно му е залагањето за откоренување на корупцијата и децентрализацијата на власта.

Овие „зелениве“ владеат веќе 20 години, но убедени сме дека по овие избори ефектите од победата ќе се рефлектираат и на локално нив и тука ќе ја видите разликата помеѓу нив и нас, рече во своето претставување носителот на листата, Лирим Селими.

Нивните предвидувања се дека нивните 15 кандидати за градоначалници во повеќе општини ќе бидат победници.

Стевче Митревски