Пописот заврши, резултатите најдоцна до март идната година
Заврши најголемата статистичка операција. Затворени апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората. Според статистика, попишани 1.832.662 лица. Процесот оценет како успешен. Мал е бројот на оние што одбиле да се попишат- вели Симовски. Сепак, и тие ќе бидат дел од пописот. Директорот на статистика резултатите ги најави најдоцна до март идната година...

Заврши најголемата статистичка операција. Попишани се 1.832.696 лица, нешто повеќе од 568 домаќинства и над 837 илјади станови. За разлика од пред 20 години, Македонија има 190 илјади луѓе помалку. Пописот успешно заврши, рече директорот на статистика Симовски. Си честитаа со неговиот заменик Селами. Симовски посочи дека број на оние граѓани што одбиле да се попишат е мал. Сепак, и тие ќе се најдат во пописот, а податоците за нив ќе бидат преземени од некоја од постоечките бази.
Преку апликацијата за самопопишување на дијаспората попишани се 204.805 државјани од дијаспора, најмногу од нив се од западна европските земји, многу помал број од прекуокеанските земји. За оние лица кои одбиле да се попишат, првиот човек на статистика најави дека ќе бидат поведени постапки. Безуспешни биле обидите на попишувачите да ги регистрираат во системот.
Пописот се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на пандемија на овид-19, според нова методологија на Евростат и за првпат со комбиниран модел. Резултатите се очекуваат најдоцна за 6 месеци. Статистичката операција чини 8,5 милиони евра. Во земјава последен пат попис се одржа во 2002-та, а обидот во 2011-та беше неуспешен.
Милчо Велески
