Натпревар на француски шансони во МКЦ
28.03.2014 12:10
Натпреварот го организира Францускиот институт во Скопје во рамки на прославата на Франкофонијата...

Во Младинскиот културен центар вечер ќе се одржи финалето на традиционалниот натпревар на француска шансона.
Натпреварот го организира Францускиот институт во Скопје во рамки на прославата на Франкофонијата. Учество земаат најдобрите 14 средношколци-финалисти, кои беа избрани на претселекција минатата сабота.
Победникот од натпреварот ќе добие патување во Франција.
На натпреварот на француска шансона учествувале голем број од денешните потврдени музички имиња на поп сцената, како Каролина Гочева, Кристина Арнаудова, Васил Зафирчев, Биба Додева и Александра Јанева.
