Македонија

Втора недела од кампањата за локалните избори

04.10.2021 10:04

Почнува втората недела од изборната кампања за локалните избори закажани за 17-ти октомври. Кандидатите за градоначалници и советници на средби, трибини и митинзи продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии...

Почнува втората недела од изборната кампања за локалните избори закажани за 17-ти октомври. Кандидатите за градоначалници и советници на средби, трибини и митинзи продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии.

Коалицијата предводена од СДСМ денеска централни собири ќе одржи во Валандово и Кавадарци, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и Струмица.

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ ќе одржи прес-конференција на тема „Изградба на зграда“ во Скопје, а Движењето „Одлучно за промени“, предводено од ДОМ и ЛДП ќе има изборни активности во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и носители на листи ќе бидат во Богданци и Гевгелија, а движењето Беса изборни активности ќе има во скопски Бутел и Шутка.

Кампањата ќе трае до 15-ти октомври, а за вториот круг избори што ќе се одржи на 31-ви октомври, кампањата ќе трае до 29-ти октомври.

Државната изборна комисија потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори.

На Локалните избори 2021 првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуалните неправилности при гласањето.