МВР: 102 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење
04.10.2021 09:45
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44, осум за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44, осум за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
