Дипломатија

Османи на средби во Германија, Полска и Словенија

04.10.2021 09:33

Германија, Полска и Словенија се земјите во кои Османи ќе има билатерални средби со високи претставници и функционери.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи од денес е на европска турнеја. Германија, Полска и Словенија се земјите во кои Османи ќе има билатерални средби со високи претставници и функционери.

Во Германија, Османи го пречекува неговиот колега Хајко Мас, а ќе има средба и со Михаел Рот, државен министер надлежен за Европа.

По Германија, следна дестинација е Полска, каде што ќе учествува на Безбедносниот форум во Варшава и ќе има средба со полскиот министер Збигњев Рау.

Османи ќе ја заврши турнејата со учество на Самитот ЕУ- Западен Балкан, кој ќе се одржи во Словенија.