Димитров на Економски форум во Белград

04.10.2021 10:09

Ќе учествува на 21-от економски форум како говорник на панелот „ЕУ– Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија“.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска е во Белград. Ќе учествува на 21-от економски форум како говорник на панелот „ЕУ– Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија“.

Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум, на кој Димитров учествуваше во мај годинава, како продолжени на дискусијата за политичка и економска соработка меѓу земјите од регионот на Западен Балкан и нивно интегрирање во ЕУ.