Се сумираат резултатите од летната сезона
Летната сезона 2021 заврши. Туристичките работници ја оценуваат како добра, но не доволна за закрепнување од ковид кризата. Туристичкиот сектор повторно очекува финансиска поддршка од државата.

Изминатава туристичка сезона и покрај ковид пандемијата може да се оцени како добра, но не доволно успешна. На брегот на Охридското Eзеро летуваа голем број странски и домашни туристи, но сезоната беше кратка, пикот почна во јули заврши во август.
За разлика од минатите години пред пандемијата, кога најбројни туристи на брегот на Охридското езеро беа Холанѓаните и Турците, ова лето најбројни беа гостите од Полска, Укрнаина и соседните држави.
„Да не заборавиме дека шест месеци во оваа година бевме затворени и со два месеци, сите објекти кои работат 12 месеци, десет месеци годишно ќе трпат загуби. Во однос на оние капацитети кои работат сезонски за нив имаше добра исполнетост“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Туристичките работници велат два месеци не се доволно да се покријат трошоците за целата година. Во пресрет на зимските месеци голем број хотелкси капацитети ќе стават клуч на врата и повторно очекуваат финснсиска поддршка од државата.
„Очекуваме помош барем тука може многу лесно да видат кои се загубари кои не се сите кои имаат негативни бројки на крајот на годината треба да добиваат помош која ке се решава од сега, дали тоа ке биде плати или што и да биде ќе биде од помош“, додава Блажески.
Летната сезона 2021 не може да се споредува со сезоната 2019, која се смета за најуспешна со рекордни остварени 3 милион ноќевања во земјава, ниту со 2020 која беше најпоразителна сезона за туризмот.
Соња Рилковска
