Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за 2 денара

04.10.2021 13:17

Од утре по полноќ, литар Еуросупер 95 ќе чини 73,50 денари, Еуросупер 98 ќе биде 75,50 денари, а Дизел горивото ќе изнеусва 65 денари.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Њуросупер 98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на Еуродизелот за два денара, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од утре по полноќ, литар Еуросупер 95 ќе чини 73,50 денари, Еуросупер 98 ќе биде 75,50 денари, а Дизел горивото ќе изнеусва 65 денари.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари и ќе чини 64,50 денари, додека на мазутот се зголемува за 1,351 денар и ќе изнесува 41,131 денари за килограм.