Нуредини: Од 1-ви декември само биоразградливи кеси кои ќе чинат 15 денари

04.10.2021 13:43

Од 1-ви декември нема да се користат пластични кеси во трговијата и пластични амбалажи во угостителски објекти во заштитени подрачја со закон, соопштија од Министерството за животна средина...

Од 1-ви декември нема да се користат пластични кеси во трговијата и пластични амбалажи во угостителски објекти во заштитени подрачја со закон, соопштија од Министерството за животна средина.

„Со новата регулатива се овозможува отворање на повеќе нови работни места и точно се регулираат обврските и одговорноста на сите чинители во овој процес, како локалната самоуправа, производителите на отпад, граѓаните, економските субјекти, а по принципот ’загадувачот плаќа’. Забраната за употреба на пластични кеси за носење производи ќе стапи во сила од 1-ви декември. Дозволена е само продажба на биоразградливи кеси кои ќе бидат екстра лесни и за кои ќе се плаќа надоместок од 15 денари, кој во поголем дел ќе оди во Фонд за заштита на животната средина. Од 1-ви декември се забранува и еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти, за почеток, во заштитените подрачја“, изјави министерот Нуредини.

Идејата за цената на пластичните кеси е за да се намали употребата на пластиката. Фондот што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластично кесе ќе отиде на посебен фонд којшто ќе се инвестира во животната средина, но и ќе се инвестира во совеста на граѓаните како да менаџираме со отпадот во нашата држава, вели министерот.