Заев: Очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во ЕУ

04.10.2021 14:02

Заев изјави дека во наредните три месеци ќе се работи напорно за остранување на ветото од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ.

Премиерот Заев кој ќе ја предводи македонската делегација на престојниот самит ЕУ- Западен Балкан во Словенија  очекува јасна и чиста порака дека Унијата е подготвена за проширување со земјите од регионот. Заев изјави дека во наредните три месеци ќе се работи напорно за остранување на ветото од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ.

Во однос на оптимизмот во преговорите со Софија, Заев, рече дека имаме позитивно придвижување во разговорите меѓу претставниците на МВР и дека се надева периодот октомври, ноември и декември да биде максимално искористен за работа и посветеност за изнаоѓање решение.

Се работи за патоказот, кој што треба да биде, нешто што ќе значи преземање обврска од двете страни за унапредување на ефикасноста во соработката согласно Договорот за добрососедство. Вториот аспект е дека во декември на Советот на министри на ЕУ се носи одлуката, а до тогаш ќе имаме завршено избори и во Северна Македонија и во Бугарија. Трето е, драфтираната верзија која се подготвува на Самитот ЕУ-Западен Балкан за сериозната фокусираност и посветеност на ЕУ за продолжување на процесот за евро-интеграциите на Западен Балкан, изјави Заев.