Политика
Пендаровски од утре во официјална посета на Атина
04.10.2021 15:05
Во дводневната агенда се предвидени средби со претседателката Сакеларопулу, премиерот Мицотакис и градоначалникот на Атина, Бакојанис.

Од утре претседателот Стево Пендаровски е во прва официјална посета на македонски претседател на Грција. Во дводневната агенда се предвидени средби со претседателката Сакеларопулу, премиерот Мицотакис и градоначалникот на Атина, Бакојанис.
Во интервју за грчкиот информативен портал „Њузбомб“ претседателот Пендаровски изјави дека со оваа посета отвораме уште еден канал на комуникација и соработка со јужниот сосед.
