Западот бара и Србија да воведе санкции за Русија
Западните земји бараат од идниот премиер Александар Вучиќ, Србија да им се придружи на членките на Европската Унија и да ѝ воведе санкции на Русија поради кризата на Крим, пишува ,, Вечерње новости”.
Конкретно, од српската влада се бара во форма на изјава да им се придружи на Брисел и Вашингтон во јавната осуда на Кремљ, но и во формалните потези што Европа и Америка би ги презеле против власта на рускиот претседател Владимир Путин.

Изворите на весникот тврдат дека врвот на дипломатскиот притисок ќе биде на 31 март, кога Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ во Брисел ќе разговараат со високата претставничка за европска безбедност и соработка Кетрин Ештон, во продолжението на дијалогот со Приштина.
Весникот истакнува дека западните дипломати не сакаат, во случај на нова студена војна меѓу Истокот и Западот, Србија да има позиција во која нејзината дипломатија би ги користела сите предности од специјалните врски со Русија