Образование

Почна студиската година на УГД со комбиниран модел на настава

04.10.2021 15:36

Од денес почнува наставата на вториот по големина државен универзитет. Комбинираниот модел ќе се применува и оваа студиска година. Од Универзитетот „Гоце Делчев“ гарантираат квалитетна онлајн настава, а со физичко присуство ќе се реализира практичната настава...

Над десет илјади студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ од денес почнуваат со настава која во најголем дел ќе се одвива онлајн, а со физичко присуство ќе се реализира практичниот дел. На неколку факултети прв академски час имаа студентите од прва година

Универзитетот „Гоце Делчев“ со 12 факултети и три академии е вистинска адреса за квалитетно образование, со меѓународно признати дипломи- истакна ректорот. Пандемијата ги деградираше развојните планови на универзитетот, но со стабилизирање на здравствената криза студентите ќе го надоместат пропуштеното.

Најголем интерес за студирање и годинава има за Факултетот за медицински науки и за уметничките академии, а расте и бројот на студенти кои имаат интерес за техничките науки. Универзитетот „Гоце Делчев“ е единствен во државата кој нуди академско изучување на џез музиката и модерниот танц.

Славица Величковска