Регистрирани 185 нови случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.876 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 99, Велес и Кочани – по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – 8, Куманово – 6, Охрид – 5, Струмица – 4, Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2, Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1 . Регистрирани сe и 523 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.
Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Ковид-19.
