Летни фустани и во есен
Нема да се откажете од вашиот омилен фустан, ако под него облечете блуза. Ќе постигнете убав, женствен изглед и со соодветна кошула под фустанот...

Крајот на летото не значи дека треба да ги тргнете летните фустани. На неколку едноставни начини, можете да продолжите да ги носите и во есен.
Нема да се откажете од вашиот омилен фустан, ако под него облечете блуза. Ќе постигнете убав, женствен изглед и со соодветна кошула под фустанот.
Притоа, треба да се внимава да се постигне точниот баланс, да се направи вистинскиот избор на материјали, сложување на боите и секако стилски да се компатибилни.
Кошулата не треба да биде многу широка. Изгледот може да се заокружи со колан и соодветен избор на модни додатоци
Под летниот фустан во есен, може да се облече и ролка. Ролката не треба да биде од многу дебел материјал, тенок волнен е добар избор.
Може да имате повеќе комбинации со различни фустани и ролки, едноставно треба да се пробува и да се избира.