Продолжуваат предизборните активности на партиите и независните кандидати

05.10.2021 09:27

Најавени се повеќе митинзи и средби на кои граѓаните ќе можат да ги слушнат понудите на партиските и независните кандидати...

И денеска продолжуваат интензивните активности на партиските и на независните кандидати за градоначалници и советници. Најавени се повеќе митинзи и средби на кои граѓаните ќе можат да ги слушнат понудите на партиските и независните кандидати.

Централниот караван на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Петровец и Илинден, а  централниот настан ќе биде во Аеродром. Вториот караван на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Гази Баба.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Бутел, Чаир и Центар.

ДУИ изборната кампања ја продолжува во Општина Теарце. Во Кавадарци и Велес изборни активности ќе има Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП, а Движењето БЕСА ќе има изборни активности во Студеничани.

Кампањата ќе трае до 15-ти октомври, а за вториот круг избори што ќе се одржи на 31-ви октомври, кампањата ќе трае до 29-ти октомври.