Технички проблем - причина за падот на Фејсбук
Компанијата објави дека прекинот на услугите бил предизвикан од погрешна промена на конфигурацијата. Нема докази дека биле загрозени личните податоци на корисниците, велат од Фејсбук.

Фејсбук соопшти дека неговите услуги делумно се враќаат на интернет по прекинот што ја запре комуникацијата за милијарди корисници, вклучувајќи ги и апликациите на социјалните медиуми, Инстаграм, Месинџер и Ватсап.
Компанијата објави дека прекинот на услугите бил предизвикан од погрешна промена на конфигурацијата. Нема докази дека биле загрозени личните податоци на корисниците, велат од Фејсбук.
Основачот на компанијата Марк Закерберг претходно се извини за прекинот.
Во 2019-та година, корисниците не можеа да пристапат на Фејсбук и други апликации повеќе од 14 часа, откако поранешна вработена во Фејсбук, откри дека компанијата му давала предност на растот во однос на безбедноста.
