Свет

Кина испрати 52 борбени авиони кон Тајван

05.10.2021 10:16

Тајванското Министерство за одбрана ги следи воените авиони преку систем за противвоздушна одбрана.

Кина испрати 52 борбени авиона во Тајван, продолжувајќи ја тридневната воена активност во близина на островот, за кој смета дека е нејзина територија.

Тајванското Министерство за одбрана ги следи воените авиони преку систем за противвоздушна одбрана.

Последниот спор меѓу двете страни ескалираше на 23-ти септември, кога Тајван ја објави својата намера да се приклучи на трговската група на пацифичките земји на која Пекинг аплицираше за членство една недела претходно.