Македонски друштва во дијаспората

05.10.2021 10:22

МДД „Македонија“ од Ешалан, Швајцарија, одржа редовен состанок за нивните тековни програми. Преку тимска работа помеѓу членовите и раководството на ова друштво, се потенцираат потребите за организација.

Македонските друштва во дијаспората, имааат големо значење за зачувување на идентитетот на нашите луѓе во странство. Членовите одвојуваат од своето време, за да се собираат и да организираат активности.

Така, МДД „Македонија“ од Ешалан, Швајцарија, одржа редовен состанок за нивните тековни програми. Преку тимска работа помеѓу членовите и раководството на ова друштво, се потенцираат потребите за организација.

На присутните им биле презентирани информации за тековните програми, кои се планирани за реализација до крајот на годината.

Посебен акцент, на состанокот е ставен на манифестацијата „Македонска трпеза“, кој е планиран за почеткот на наредната година.

 

Аида Николовска