Гаф на Обама: Косово си изгласа независност на демократски референдум

28.03.2014 12:47

Изјавата на претседателот на САД, Барак Обама, дека "Косово станало независна држава на основа на референдум", е трагично извртување на историјата, пишува белградскиот весник "Блиц".

Во својот говор, кој пред два дена го одржа во Брисел, Обама рекол:

„НАТО интервенираше во Косово дури по четири години злоставување на тамошното население, а Косово стана независна држава на основа на референдум, кој беше одржан во фер и демократски услови“, рекол американскиот претседател.

Тед Гејлен Карпентер, аналитичар во Институтот „Кејто“ во Вашингтон, на изјавата на Барак Обама реагирал со следната оценка:

„Таа изјава претставува трагично извртување на историјата, особено кога се има во предвид дека првобитната територијална ампутација на Косово од Србија во 1999-та, ја спроведоа САД и нивните сојузници во НАТО, низ една климава фасада на меѓународно одобрување по самите случувања“.