Нов Зеланд: Ковид-сертификати за масовни собири

05.10.2021 10:30

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн рече дека сертификатите ќе помогнат да се спречи големите собири, како што се музичките фестивали, да се претворат во места со висок пренос на вируси.

Властите на Нов Зеланд воведуваат сертификат за вакцина против Ковид-19 како доказ за имунизација, за да може да се присуствува на масовни собири и други настани со висок ризик, што е дел од новиот пристап во борбата против ширењето на Делта сојот.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн рече дека сертификатите ќе помогнат да се спречи големите собири, како што се музичките фестивали, да се претворат во места со висок пренос на вируси.

Нов Зеланд беше меѓу ретките земји што минатата година ги намалија случаите на Ковид-19 на нула, се до појавата на заразната делта варијанта во средината на август.