Атина

Пендаровски ја почна официјалната посета на Грција

05.10.2021 10:38

Во претседателската палата во Атина, Пендаровски пречекан со државни и воени почести, од претседателката на Република Грција, Катерина Сакеларопулу...

Претседателот Стево Пендаровски во прва историска посета на Gрција на највисоко ниво од осамостојувањето на државава.  Шефот на македонската држава дводневната официјална посета на Република Грција ја почна со положување венец пред споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот.

Во претседателската палата во Атина, Пендаровски пречекан со државни и воени почести, од претседателката на Република Грција, Катерина Сакеларопулу.

Двајцата претседатели ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.