Ла палма
Се урна дел од вулканот на Канарските Острови
05.10.2021 11:06
Шпанскиот премиер Педро Санчез најави програма за помош од 206 милиони евра за погодените од вулканската ерупција.

Се урна дел од вулканот на Канарскиот остров Ла Палма и се зголеми протокот на лава кон морето, објави шпанската државна телевизија.
Шпанскиот премиер Педро Санчез најави програма за помош од 206 милиони евра за погодените од вулканската ерупција.
Лавата досега уништи повеќе од илјада објекти и предизвика голема штета на земјоделството и инфраструктурата на островот.
Повеќе од 5.500 луѓе морале да ги напуштат своите домови.
