Орбан: Санкциите против Русија се штетни

28.03.2014 12:52

Унгарија е против иницијативата ЕУ да воведе економски санкции кон Русија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

“Воведовме неколку круга на економски санкции и би било добро да се избегне тоа, бидејќи тоа не е во интерес на Европа, па дури и помалку за Унгарија”, изјавил Орбан во интервју за унгарскиот весник “Vilagazdasag”.

Тој рекол дека кризата во Украина и политички санкции наметнати кон Русија досега не наштетиле на  унгарскиот нуклеарен договор со Москва. Унгарија од Русија добива околу 80 отсто од нејзиниот природен гас и неодамна со Москва потпишаа договор во вредност од десетици милијарди евра за руското државно претпријатие за нуклеарна енергија “Росатом” да ја прошири нуклеарна централа “Paks”, која е голем производител на електрична енергија.

Русија е најголемиот трговски партнер на Унгарија надвор од ЕУ.