Реџепи: Нашата програма не е само ветување, ќе го подобриме животот во Врапчиште
Нашата програма не е само ветување, туку целосна одговорност што ни е дадена од вас, рече пред присутните на собирот во Врапчиште, кандидатот за градоначалник од редовите на ДУИ Неби Реџепи.

Нашата програма не е само ветување, туку целосна одговорност што ни е дадена од вас, рече пред присутните на собирот во Врапчиште, кандидатот за градоначалник од редовите на ДУИ, Неби Реџепи.
„Имаме обврска да ги создадеме и подобриме основните услови за живот за сите граѓани. Во овој предизборен период, добро ќе направите доколку ги анализирате сите програми на политичките партии што се натпреваруваат со нас и потоа да одлучите кој заслужува да ви ја води општината во следниот мандат“, истакна Реџепи.
За да се води земјата е потребен силен и стручен кадар за различни области. Нашата партија располага токму со таков кадар, посочи лидерот на интегративците, Ахмети. Го изгласавме законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк, зашто овде е иднината, и оваа планина нема замена бидејќи ни е подарок од бога, затоа ние мора да ja чуваме, да ја развиеме и да ја направиме посетена од целиот свет, додаде Ахмети.
„Зад Неби стојат силни кадри меѓународно етаблирани од многу области како што се финансии, економија, животна средина. Го велам ова бидејќи има и такви кои мислат дека секој може да ја води владата. Сакам да кажам дека зелената агенда е исто толку национална колку и националните прашања што ги решивме досега. Зелената агенда е исто толку важна колку и националното знаме“, изјави Ахмети.
Пред присутните се обратија и Талат Џафери и Артан Груби. ДУИ ја продолжи кампањата во општина Теарце, со претставување на нејзиниот кандидат за градоначалник и советничката листа.
Фиљана Кока
