Пожар во стан во центарот на Скопје
28.03.2014 12:53
Голем пожар изби пред околу половина час во стан од зграда во центарот на Скопје.

Противпожарна екипа со шест возила веќе е на терен во обид да го локализира пожарот што изби во стан на последниот кат во една од кулите на улица Велко Влаховиќ во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Пожарот настанал пред околу половина час. Кога избил пожарот во станот била една постара жена, сопруга на сопственикот на станот. Соседите веднаш го забележале пожарот и ја спасиле жената.
Соседите пробале со хидрант да го изгаснат пожарот, но хидрантите биле стари и не работеле.
